05 Мај, 2024
0.0276

Пазар во Собрание: ВМРО ДПМНЕ повторно става кочница на законот за минимална плата

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Наместо да се носат констуктивни закони во Собранието, пратениците како да се на пазар.

Пратениците од опозицијата не ги прифаќаат законите кои денес се на дневен ред, додека мнозинството не ги прифати нивните предлог закони.

За ова денес се пазари Антонио Милошоски кој веднаш по почнувањето на седницата побара пауза а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му понудија на владејачкото мнозинство да поддржи еден од законите што ги предложија.

За возврат како што рекоа ќе ја дадат својата поддршка за законите за минимална плата, укинување на радиодифузната такса и обештетување на стечајците.

„Ако пратениците од владејачките партии гласаат за зголемување на платата на администрацијата, или доделување на ваучери на студентите за набавка на комјутери, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за пакетот социјални закони“, рече Милошоски.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ со предлогот за зголемување на платата на администрацијата бараат покачување од 5% а со другиот предлог закон бараат издавање ваучери за компјутери на студентите од износ од 300 евра. 

Тунтев од СДСМ пак на ова му одговори дека и двата предлози не се прифатливи од аспект на големината на сумите и од аспект на владината политика, бидејќи таа материја, во однос и на ваучерите и во однос на платите, се регулира со други политики на Владата и со други закони кои што допрва доаѓаат на дневен ред. 

Според предлогот со Законот за минимална плата вработените во сите стопански гранки ќе имаат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари.

Предлог законот за стечајци пак материјално ќе обезбеди над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос поради стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 до 30 јуни 2017 година.

А со измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пак, ќе се укине радиодифузната такса за сите граѓани .

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник