30 Јуни, 2024
0.0250

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Сопственичката на најпрофилираната агенција за односи со јавност „Имиџ ПР“, Ангелка Пеева Лауренчиќ, во поткастот „Бизнис Муабети“ со колегата Мишко Иванов, зборува за почетоците на нејзината кариера , како и за почетоците на самата агенција пред 22 години. Веќе се изгубивме во овие дигитални и недигитални платформи и треба да се вратиме кон основите, вели ПР-експертот. Просечно еден граѓанин дневно добива по 35.000 „информации“ и тоа е премногу, според специјалистот за креирање на добар имиџ.

- „Мобимак“ и „Пивара Скопје“ беа првите компании кои ги користеа нашите услуги преку поставени стратешки програми и за едната и за другата компанија, имајќи во предвид дека „Пивара“ имаше домашен визионерски настроен менаџмент но и две корпорации зад нив - Кока Кола и Хајнекен, а „Мобимак“ беше во сопственост на Дојче Телеком и им беше јасно за што станува збор, вели Пеева Лауренчиќ.

ПР-агенции зад себе немаат само познатите фудбалери, туку и самите влади, државите, па и глобалната политика има партнер кој работи на нивниот имиџ. Според менаџерката, компаниите и другите клиенти мора трпеливо да ги чекаат резултатите од ПР-агенциите и да бидат конзистентни во односите со нив.

- На почетокот на 90-тите години го видовме маркетингот и првите кампањи за наши производи и имав среќа да бидам вклучена во политичките кампањи а подоцна во бренд кампањи. Тогаш видов дека на компаниите им недостига нешто помеѓу самите нив и класичното огласување, а кое ќе доведе до подобро усогласување со нејзините значајни јавности - вработени, акционери, институции, бизнис заедница, потенцијални потрошувачки, постоечки потрошувачи, експерти, амбасади - постојат многу јавности кои што се значајни. Нашата работа е да ги поставиме стратешки и да ја поставиме основната траекторија по која ќе се движи компанијата, објаснува поранешната пратеничка.


Со својата работа со „Имиџ ПР“ започнала во 2002, пред 22 години, во станот во кој што живее.

- Општата јавност и лаиците сметаат дека ПР-от е само односи со медиумите. Тие се само една гранка од оваа широка професија, затоа што успехот или неуспехот на една компанија не зависи само од медиумите.Значи, се работи за повеќе јавности. Односите со јавност не се само да пиете кафе со 20-тина новинари. Тоа го разбраа компаниите и сега самите не покануваат да соработуваме, но на почетокот тоа беа само интернационални корпорации. На нашите им беше потребно време да ги видат бенефитите, објаснува Пеева Лауренчиќ.

Најтешкиот дел од ПР-от е кога ќе се појави некаква криза и несреќна околност поврзана со компанијата-клиент и тогаш, како што вели Пеева Лауренчиќ, треба брзо да се реагира во тој „златен час“, односно во првите 60 минути.

- Пожар смрт на работно место, штрајкови, напад на работа, излевање на нафта во море и вие морате да ја водите комуникацијата. Во првите 60 минути треба да ја преземете комуникацијата,кога веста е лоша. Премолчување не смее да има. Вие сте тие што ја преземате одговорноста. ПР-от го брани образот, а образот нема цена. Репутацијата се гради со години, а може да пропадне за една минута, вели таа.

Пеева Лауренчиќ ја разјаснува и границата помеѓу пропаганда и односи со јавност, каде грешат политичарите кога ги користат услугите на ПР-агенциите, зборува и за нејзиниот сопруг и легендарниот режисер и маркетинг експерт Иво Лауренчиќ, но и како ја започнала својата кариера.

- Првата маркетинг кампања ја работев во 1994 за претседателските избори на Киро Глигоров и „Сојузот за Македонија“. Слоганот се викаше „Градиме куќа за сите нас“ и тоа беше исклучително моќна кампања. Тогаш немаше компјутери. Се работеше на „Мекинтош“ и рачно се црташе. Спотовите се снимаа на филмски ленти. Но тогаш имаше некој ред, политичката елита знаеше што сака да пренесе во јавноста. Сега овој мултиканален пристап со што повеќе комуникациски средства ги збунува гласачите, вели пеева Лауренчиќ.



Можеби ќе ве интересира

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?