ПЕНДАРОВСКИ: Очекуваме на седумдесет годишнината на Алијансата земјава да стане 30 земја членка на НАТО
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2019
По сите проценки коишто се прават и според темпото за ратификација на протокол за пристапување, Макеоднија е многу бликсу до НАТО. Претседателот на државата, Стево Пендаровски очекува до крајот на годината, односно до 4 декември на седумдесет годишнината од Алијансата, Република Северна Македонија да стане 30 членка земја на НАТО.
Шефот на државата истакна дека досега има 21 ратификација, а за останатите ратификации потенцираше дека се технички и протоколарни, а дека според најавата од Соединетите американски држави очекуваме до крај на август или септември САД да го ратификува протоколот на земјава за влез во НАТО.
Пендаровски очекува влез на земјата во НАТО на самитот во Лондон годинава.
Фото Фејсбук