05 Мај, 2024
0.0365

Пендаровски по три дена пријави дека го следат пара-служби - Недоследност во тврдењата

Објавено во: Македонија 08 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателскиот кандидат дури вечерва пријави во МВР дека е следен и фотографиран од тајни пара-служби, за кои тој лично смета дека се странски и дека се блиски до најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. По неколку дена на обвинувања од заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ конечно е поднесена пријава по што службите на МВР ќе може и формално да започнат сопствена истрага.

Ова доаѓа по големиот број на логични прашања од страна на македонските медиуми, вклучувајќи ја и редакцијата на Фактор кои се обратија до МВР барајќи одговори за заканите за слободното движење на Пендаровски. Тој да потсетиме има кариера во полициските служби, а одреден период беше и национален советник за државна безбедност на претседателот Иванов, па така и самиот треба да биде добро запознаен дека така силни обвинувања за вмешување на странски служби кои може да влијаат врз изборните процеси не може да поминат само со изјави за медиумите и непоткрепени тврдења во медиумите. 

Исто така редакцијата на Фактор побара одговор и на следните прашања:

Дали на територија на Северна Македонија постојат пара-тајни служби кои вршат следење и надзор на членови на владејачката партија СДСМ и дали македонските служби преземаат контра-разузнавачки мерки?

Дали МВР има регистрирано разузнавачки активности од домашни и странски актери кои сакаат да извршат влијание врз кампањата за претседател и самите избори?

Веднаш штом добиеме одговори на овие важни прашања кои може да влијаат врз демократска атмосфера врз претстојната кампања за претседателските избори ќе ја информираме јавноста.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини Пендаровски дека ја дефокусира јавноста со лажни тврдења со цел да го скрие фактот дека возел скап автомобил наместо старо евтино Југо кое го пријавил во анкетниот лист за имотната состојба како Национален координатор за НАТО.

Исто така има и неусогласеност со тврдењето на генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб на Пендаровски дека МВР веќе започнала истрага за сомнежите за активностите на странски тајни служби кои го следеле кандидатот.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче