Пендаровски: Сите кои сме биле или сме на власт да му се извиниме на македонскиот народ
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019
Претседателот Стево Пендаровски за неговата изјава дадена во Нови Сад, дека и тој би се иселил ако не бил претседател, рече дека не зборувал ниту за ВМРO-ДПМНЕ, ниту за СДСМ, туку дека зборувал за изгубените европерспективи.
Вели дека кога би бил млад човек, не би го потрошил животот во чекање.
„Сите кои сме биле или сме сега на власт да му се извиниме на македонскиот народ“, вели Пендаровски, и рече дека сите имаат одговорност за иселувањето.
Вели дека сите мора да направат заедничка стратегија со цел да ги мининизираат штетите. Пендаровски се согласи дека можеби требало тоа да го каже со поблаг речник.