05 Мај, 2024
0.0241

ПЕНЗИИ И СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Како растеа пензиите во последните години

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Порастот на пензиите стана тема која ги вжешти пензионерските здруженија, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера изјави дека сега со пакетот на пензиски реформи постигнале пензиите да не се замрзнат и да нема зголемување на старосната граница за пензионирање. Реформите беа за намалување на дефицитот во ПИОМ. Инаку законски од стартот на 2017 година пензиите се усогласуваат два пати годишно и тоа на почетокот на годината и од стартот на второто полугодие. Новина од годинава е што со усогласувањето в предвид ќе се земаат само трошоците на живот а не и висината на платите.

Од јануари 2017 година усогласувањето е 0,82 проценти, а од јули таа година изнесуваше 0,76 проценти. Од јануари 2018 година процентот на усогласување е 1,69 проценти, а од јули лани пензиите се усогласија за 1,8 проценти.

Во претходните три години ли во 2014, 2015 и во 2016 години немаше усогласување туку пензиите се зголемија за фиксен износ. Во 2014 година зголемувањето беше 60 денари, следната година за 621 денар, а во 2016 година за 654 денари.

Царовска вчера рече дека доколку растот на економијата е над 4 проценти ќе има и дополнително усогласување во април наредната година. 

Пензионерите сметаат дека растот на пензиите ќе биде минимален и најмногу ќе ги погоди тие со најниски примања. Предупредуваат дека социјалната помош ќе биде повисока од голем дел од пензиите. 

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра