08 Мај, 2024
0.0266

Перкс: Колку и како општеството ги штити најранливите деца

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Случајот со силуваното 13-годишно ромско девојче, штитеничка на домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“  покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца, посочува претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.

Перкс  посочува дека лицата виновни за злоупотреба или небрежност мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Иако злоупотребата се случила надвор од државна институција, додава Перкс, случајот покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца.

„Мора да признаеме дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Ниту пак можат да обезбедат здрав развој на децата и нивно закрепнување од траума, злоупотреба или занемарување кои можеби ги доживеале во семејството. Токму затоа Владата, ЕУ, УНИЦЕФ и другите партнери работат заедно на трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина, каде секое дете ќе добие соодветна грижа, љубов и посветеност - нешта што сите ги очекуваме за нашите деца“, вели Перкс во писмента изјава.

Според него тоа значи повеќе згрижувачки семејства, подобри процедури за посвојување, мали групни домови со многу подобар сооднос меѓу бројот на деца и персонал, и што е најважно, работа со родителите за најпрво да се спречи насилство, запоставување и напуштање. 

Злоупотребата на децата, потенцира, е глобален проблем, а сторителите на дела поврзани со сексуална злоупотреба на деца се најопасни кога ќе влезат во мрежите на трговија со луѓе. Тие, вели Перкс, ги демнат децата под заштита на државата и оние од дисфункционални семејства, честопати и децата со ниска самодоверба, слаба приврзаност и ментални здравствени проблеми.

Според него, луѓето кои работат во социјална заштита, образование, здравство и полицијата треба да се поттикнати и мотивирани да дадат сè од себе за децата. 

„Луѓето кои работат во социјална заштита, образование, здравство и полицијата треба да се поттикнати и мотивирани да дадат сè од себе за децата. Социјалните работници мора да бидат оснажени да постапуваат како водители на предмети и да посочуваат соодветни даватели на услуги и интервенции во низа социјални, психолошки, здравствени и други домени, а кои ќе бидат насочени кон постигнување позитивни резултати за ранливите деца“, вели Перкс и додава дека доколку се сруши табуто во јавноста, може да се отвориме искрена дискусија за проблемите со насилството врз децата. 

Можеби ќе ве интересира

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа