26 Април, 2024
0.0295

Перо Антиќ ја претстави програмата: Нема да дозволам мешање на политика

Објавено во: Македонија 24 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Најуспешниот македонски кошаркар на сите времиња Перо Антиќ денеска во арената „Борис Трајковски“ заедно со својот поранешен соиграч Тодор Гечевски и со Владимир Георгиевски ја претстави програмата со која претендира да биде претседател на Македонската кошаркарска федерација и при тоа напомена дека нема да дозволи политички влијанија доколку ја добие честа да ја подобри ситуацијата во македонската кошарка. 

Дали поранешниот македонски репрезентативец ќе биде избран за прв човек на КФМ ќе биде познато на 15 мај, а тој вели дека масимално ќе ги искористи сите негови контакти што ги стекнал на домашен и меѓународен план за да ја подигне на достоинствено ниво очајната ситуација во македонската кошарка. Најтрофејниот македонски кошаркар со три титули во Евролигата и единствен Македонец кој настапувал во НБА за прв пат во својата кариера ќе се обиде да ги оправда очекувањата на неговите симпатизери и како функционер. На претставувањето, покрај големиот број на новинари, поддршка му дадоа и многумина поранешни кошаркари кои оставија траен белег во македонскиот спорт како Ѓорѓи Чековски, Тони Симиќ, Борис Нешовиќ и други, како и неговиот поранешен селектор Марин Докузовски.

- Знам дека често има политички интервенции во ваквите избори во пет до дванаесет, но ако е така и овој пат, тогаш нека им служи на чест на тие што че се обидат да постават некомпетентен претседател. Мојот мотив да се нафатам на вакво нешто беше состојбата која ја затекнав во кошарката. Време е да се вратиме на старите патеки кога континуирано учествувавме на европските првенства, но за тоа акцент треба да се стави и на младинските селекции, подобрувањето на домашната лига и маркетингот - рече Антиќ, кој својата кандидатура ја поднесува под мотото „Спортот на спортистите“, а допрва треба да ги собира потребните гласови.

Вели дека има контакти со спонзори, со националните федерации во земјите каде што настапувал каји странец и со светски признати тренерски имиња кои ќе помогнат во повторното враќање на кошарката како спорт број еден во Македонија.

- Ќе се обезбеди генерален партнер на лигите во сите младински категории. Ќе се намалуваат котизациите на клубовите за учество, а истите ќе бидат искористени како награден фонд, кој во моментов не постои. Казни мора да има , но ќе бидат намалени и парите правилно пренасочени. Ќе има и финансиски стимул за женската кошарка, а ќе се најде и технички спонзор за клубовите кој ќе ги снабдува со опрема по набавна цена - истакна поранешниот играч кој беше еден од најзаслужните што Македонија своевремено го освои историското чествто место на Европското првенство во Литванија. Додаде и дека целта же му биде во иднина Македонија да биде земја-домаќин на едно сениорско Европско првенство.

Гечевски, исто така легенда на македонската кошарка, кој најверојатно ќе биде генерален секретар на федерацијата доколку Антиќ победи во изборот, вети дека на македонските репрезентативци ќе им бидат обезбедени најдобри услови во европските тренинг-центри. 

- Ќе се погрижиме да го имаат најдобриот медицински тим и кондиционен стручњак. Ќе се обезбеди квалитетна опрема, гаранции за повреда и премии на повисоко ниво. Ќе им помогнеме на сите категории и на секоја селекција да работи и преку лето за да не заостанува со учества на меѓународни турнири, а селекторите да имаат пристап до нив преку спортска академија. Имаме план за посебен објект-сала каде што ќе има посебни услови со физикална терапија, кревање товар, психолог и нутриционист за секој што сака да напредува - рече Гечевски.

Георгиевски, кој би требало да се грожи за делот со спонзорите најави дека ќе се отвори нов сектор за маркетинг во федерацијата. 

- Ќе бидат максимално искористени сите можни ресурси со дигиталниот маркетинг, социјалните мрежи и канали. За сите во овој спорт ќе се отвори „спорт лојал картица“ со која ќе имаат обезбедени привилегии кај спонзорите - истакна Георгиевски.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?