18 Мај, 2024
0.0291

Пет чувари на имунитетот на кои никој не посветува внимание!

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Миење раце, витамини, добар сон ... хигиена и здрав режим на исхрана се првите елементи во борбата против инфекциите.

Меѓутоа, на некои фактори на моќниот имунитет не им се посветува доволно внимание. Еве што уште влијае на нашето здравје.

1. Добар избор на маснотии

Храната богата со добри масти, како авокадо, ореви, лосос, е здрава и корисна. Таа нуди здрава маснотија која ја користиме за нега на мозокот и телото.

Од друга страна, нездравите масти не се од никаква помош. Големите количини на колачи, помфрит и пијалок со себе носат лоша маст која не е хранлива.

Лошите масти водат кон дебелеење, холестерол, што го нарушува нашиот имун систем.

2. Итно решавање на проблемот на запек (затвор) 

Клучниот систем за нашиот имунитет е дигестивниот систем. Запекот значи дека отпадните производи од метаболизмот во цревата спречуваат адекватна апсорпција на хранливите материи, но и дека е загрозен балансот на добрите бактерии во системот на варење.

3. Движење

За физичката активност најмногу се пишува во текстовите за дебелина и диети, односно постигање на витка линија. Меѓутоа, со регулирањето на холестеролот или високиот притисок, движењето дејствува блоготворно и на имунолошките сили на организмот како што е лачење на ендорфин или добар ритам на движењето на лимфата низ телото.

4. Ограничени количини на шеќерот во исхраната

Повторно тема која се поврзува со телесната тежина. Меѓутоа, корисно е да се знае и дека 100 грама шеќер во возрасен човечки организам со просечна тежина ја намалува способноста на белите крвни зрнца да ги елиминира килограмите за 40 одсто.

5. Дружење

Социјалната интеракција може да ги подобри функциите на имуниот систем, додека стресот има исклучително негативно дејство. Поедини студии докажале дека со активното дружење живееме значајно поздраво, а и подолго.