21 Октомври, 2019
0.0167

Пет македонски банки во Топ-100 во регионот

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2019

Комерцијална, Стопанска, НЛБ, Халк и Охридска банка се единствените пет македонски кредитори кои се најдоа во Топ-100 листата во рангирањето на најголемите од регионот за 2018, односно кај пост-социјалистичките земји што биле во транзиција, што значи кај сите без Грција.

Според податоците од Народна банка, Комерцијална банка е прва меѓу македонските, иако во меѓувреме паднала од 25 место во 2017 на 40-то во 2018. Тука не помогнала ниту зголемената актива за 9,09 отсто или вкупно 1,860 милијарди евра и зголемувањето на нето-добивката од 13,3 на 29 милиони евра.

Во првата половина е и Стопанска банка со скокот од 52 на 50-та позиција. со актива од 1,49 милијарди евра и раст од 6,33 отсто. Порасната е и нето-добивката од 33,2 на 44,7 милиони евра, што е и најдобар резултат од сите други банки од земјата.

НЛБ Банка со 1,33 милијарди евра и добивка од 34,5 милиони евра бележи напредок од 60 на 54 место. Најголем скок бележи Халк Банка од 88 на 76 со раст на активата од 11,74 отсто за една година и 766,6 милиони евра. Од 98 на 88 позиција во рангирањето напредок има и Охридска банка со најголем пораст од сите други, односно 12,35 проценти со 643 милиони евра.

На прво место со 15,9 милијарди е Банка Трансилванија од Романија, која на трето место ја симна од врвот Банка Комерцијала, исто така од Романија, со 14,56 милијарди евра. На второ место си остана Загребачка Банка од Хрватска со 15,26 милијарди. 

Од Бугарија најистакната е УниКредит Булбанк со 9,92 милијарди. Од Словенија најдобра е Нова Љубљанска Банка со 8,8 милијарди. Банка Интеса од Србија има 4,84 милијарди, а Банка Комбетаре од Албанија е со 3,46 милијарди. УниКредит Банк д.д Мостар во БИХ е најголема со 3,04, додека Молдова Агроиндбанк од Молдавија има 1,2 милијарди евра. Рајфајзен Банк од Косово поседува 889, а Црногорска Комерцијална Банка од Црна Гора оплодува 692 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода