14 Мај, 2024
0.0251

Пет професии од соништата за кои не сте ни сонувале

Објавено во: Стил 05 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Од некои хобија никогаш не сме очекувале дека ќе станат професии од соништата. Ова се професии кои за другите претставуваа чисто уживање, а денес тоа им се добро платени редовни вработувања.

1. Градење куќички

Се работи за куќички кои имаат помалку од 90 квадрати. Компаниите кои ги работат ваквите куќички се посебно застапени во Америка, а целата идеја е човек да се врати на поедноставниот, еколошки, свесен живот и да ги намали своите трошоци за живеење.

Џеи Шафер кој е основач на компанијата која во деведесетите години почна да гради мали куќи рекол за National Geographic што тој гледа како најголема предност за живеење во таквите куќички: „Кога живеете во мала куќа има соба само за работите кои ви се потребни. Ќе морате да изберете што за вас има вистинско значење.“

2. Звезда на Јутјуб

Замислете дека заработувате милион долари годишно од нешто што сакате да го правите и уживате во тоа како да ви е хоби, како што е на пример играње игри. Токму тоа го прави Фелис Арвид кој става снимени игри кои ги игра на Јутјуб и заработува пари од бројни прегледи. Волстрит Журнал процени дека тој заработува повеќе од четири милиони долари годишно од снимките, кои ги следат преку 28 милиони луѓе.

3. Професионален дрон фотограф

Наместо да се качува на високи згради, дрва и слично како би добиле незаборавни фотографии, денешните фотографи користатново чудо од техника: дрон или ГоПро камера. Сепак правењето слики од дрон не е така лесно како што изгледа. Доколку дронот падне последиците се катастрофални, а многу е тешко стабилно да се направат добри фотки. Трикот е во тоа да замислите како пилотирате во авион и да управувате со тоа во согласност.

4. Дадилки за панди

Центарот за заштита на панди и Истражувачкиот центар во Кина го објавиле победникот на светската потрага за старател за новородени панди. Победникот е факултетски образован и поминал многу елиминациони кругови, тренинг и тестови. Се било медиумски следено и прославено на крај. Веи Кунминг кој победил година дена ќе помине во резерват каде ќе биде обучен за чување панди. Оваа многу добро платена работа подразбира поинување 356 дена со пандите и делење со нив тага и среќа.

5. Испробување водени тобогани

Само луѓето кои не сакаат забава на ова ќе гледаат како тешка и досадна професија. Додуша може да биде опасна со оглед на тоа дека главата работа е проценување на огромни тобогани како што се  „Faktor adrenalin“ или „Највисоко спуштање“. Оние кои тестираат водени возења патуваат од Мароко, Тунис, Египет, до Турција, оценувајќи ги аква парковите. За возврат имаат платен превоз, сместување во одмаралишта по неколку дена, 30.000 долари и all incusive во хотели.