28 Април, 2024
0.0281

ПЕТ „Т“, МНОГУ ОПТИМИЗАМ И НИТУ ЕДНО ОБВИНЕНИЕ: Што сработе тимот на Катица?

Објавено во: Економија 14 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

За еден ден се очекува вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство, финансиите, кадровската екипираност и активностите, вклучувајќи го и напредокот во истрагите. Според Законот за Специјално јавно обвинителство, СЈО е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обивнители. Неизвесно е што ќе содржи новиот шестмесечен извештај  кој Катица Јанева треба да го поднесе  на годишнината од нејзиното назначување за специјална јавна обвинителка и од основањето на СЈО.

Обвинителството отвори серија истраги  под специфични  кодни имиња кои почнуваа на “Т” но нема објаснување дали оваа случајна или намерна пракса има посебно значење. Првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителство отвори истражна постапка беше под оперативно име „Титаник“,  а се однесува на десетина дела за изборни манипулации во кој први осомничени патници беа  поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана  Јанкуловска и Миле Јанакиевски и поранешниот секретар на Владата,  Кирил Божиновски. Обвинителите на Јанева отворија  истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања во 2012 година.

jankuloska

Тројцата најблиски соработници на Груевски – Јанкуловска, Јанакиески и Божиновски се сомничат како организатори на злосторничко здружување кое незаконски го прекршувале изборниот процес, а целта била опстојување на нивната партија на власт. Во Специјалното обвинителство утврдиле дека од МВР за таа намена биле издадени 15 илјади нови матични броеви, 35 илјади лични карти кои не се подигнати од барателите, и прифатени се повеќе од 60 илјади нови државјани. СЈО  побара притвор за осум осомничени лица со образложение дека може да влијаат на сведоци или во врз текот на постапката. Меѓу нив беа  и градоначалникот  на Пустец, Едмонд Темелко и Исмет Гури,  член на Општинската изборна комисија во Чаир, а за изборни измами истрагата се проширила и  против 5 судии од управен суд, како и 4 члена од Дик во составот од 2013-та година. Тимот на Јенева има сознанија дека во изборниот криминал на големо помагале нотари, кои заверувале живеалишта на непостоечки гласачи со адреса во македонија, како и полициски командири, началници. Сепак Kривичниот суд  ги одби жалбите за притвор поднесени од  обвинителите на Јанева и ги оцени  како  неосновани со образложение дека осомничените нема да вршат притисоци врз сведоци, нема да уништуваат докази и да ја напуштат државата.

Втор предмет за кој беше отворена  истражна постапка беше случајот под кодно име “Тортура” за апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија и екс министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.  Осомничени беа  7 лица за кои  постоело основано сомнение дека сториле кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување”.

Uhicen Ljube Boskovski 060611

Првоосомничен беше екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, а  обвинителката Фатиме Фетаи објасни дека  поради дискриминација врз основа на различна политичка определба тој  ги навел останатите осомничени службеници вработени во единицата Алфа да предизвикаат душевно страдање кај Бошкоски кој беше уапсен пред ресторанот Воденица на шести јуни 2011 година, ден по парламентарните избори.

На крајот на март Специјалното јавно обвинителство го обелодени случајот под називот „Тврдина” со што отвори  нова истрага во врска со неовластеното прислушување под името „Тврдина“ во кој  СЈО ги товареше  двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска дека  ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спровеле уништување на два система за следење на комуникациите. За началникот Горан Грујовски, СЈО бараше судот да му додели мерка притвор, но тој доби куќен притвор, но брзо беше ослободен по одлуката за аболиција од претседателот  Ѓорѓе Иванов.

vladimir-taleski-2

ТНТ”  е новиот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство,  а се однесува на уривањето на комплексот Космос на бизнисменот и претседател на  Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски. Осомничени се 22 лица за злоупотреба на службената положба, а за 11 од нив  побарана е мерка притвор. За градоначалникот Талески, против кого не можеше  да се отвори кривична постапка бидејќи е аболициран од Претседателот, СЈО бара конфискација на имотот, за кој се смета дека е стекнат преку ваквите дејствија. Одлуката за конфискација е на судот. Овој случај како што тогаш посочи обвинителката Фатиме Фетаи е класичен пример на постоење на криминална спрега помеѓу централната и локалната власт. Во него е осомничен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски.

Stavreski Gruevski by MIA

Според обвинителите   Груевски  и екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски ја скроиле одмаздата против Фијат Цановски. Осомничените  не можеа да се гонат  бидејќи беа  аболирани од претседателот Ѓорге Иванов. Груевски како претседател на Владата и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да најде начин и незаконски да го сруши објектот Космос. Пред повеќе од 4 и пол години дел од комплексот Космос беше дигнат во воздух по одлука на локалните власти дека не е почитувана градежната дозвола.

Првиот извештај на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од 15 март, беше повод за жестоки расправии меѓу СЈО и Советот на јавни обвинители. Советот инсистираше Јанева лично да образложи делови од извештајот, поради што седниците за негово разгледување беа неколкупати одложувани. Недоаѓањето на Јанева беше повод за кавга меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Неодамна СЈО апелираше  за продолжување на рокот за истраги бидејќи како што рекоа рокот од 18 месеци е прекус за целосни и објективни истраги за предметите кои произлеуваат од снимките од незаконското прислушување.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка