27 Април, 2024
0.0315

Петар Петровски на МАСИТ со тема "Апликација на машинско учење во индустриски Internet of Things"

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

„Дигиталната трансформација на Македонија - предизвик или реалност“ беше темата на овогодинешната конференција во организација на Стопанската комора за информатичка и комуникациска технологија - МАСИТ.

Целта беше да се обединат сите учесници во ИКТ областа од земјава и светот и да споделат свои искуства, како и досегашни и идни проекти. Како дел од програмата можевме да проследиме мултидисциплинарни презентации, панели и успешни приказни кои ќе помогнат во процесот на дигитализација.

Со своја презентација на тема "Апликација на машинско учење во индустриски Internet of Things" се претстави Петар Петровски, раководител за развој и напредни технологии во Еликососфт , компанија која постои од 1992 година и чија цел е цел да ги покрие потребите на локалниот пазар за бизнис решенија, а од 2010 развива продукти за IIoT,примарно за градежната индустрија.

Петровски од 2016 година е  на позицијата раководител за развој и напредни технологии, тој е докторски кандидат за Data Science на University of Mannheim, а истражувачкиот интерес е во насока на машинско учење, Probabilistic Graphical Modelsи Semantic Web.

Во неговата презентација во рамките на МАСИТ, ја разработи темата, односно појасни зошто фокусот на истата е токму машинското учење во индустриски  Internet of Things, односно на која начин машинско учење може да го искористи IoT во индустрија.

Беше посочен пример за предвидливо планирање во градежно инженерство, односно на поедноставен начин да се изведе процесот на планирање во градежното инженерство.

Исто така, обрна внимание и на предизвиците кои се дел од целиот процес како на пример мултидименизионирани податоци кои јавуваат потреба од  експерти и/или автоматско селектирање на атрибути, слабиот квалитет на податоци, потребата за специјални алгоритми со небалансирани класи, потребата од посебни назнаки, како и потребата за флексибилност и проширување.

Се на се, Петровски презентираше една тематика која отвори нови видици во ИТ сферата во Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“