15 Мај, 2024
0.0785

Петличковски: На есен 100.000 до 200.000 нови дози

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски во утринската емисија на Телма рече дека не очекува нов бран на заболувања од Ковид-19 до следната есен

- Не очекуваме до есен да има значајно поместуваме. До есен состојбата ќе биде вака или подобра,. Очелуваме мирно пандемиско лето. Крај на пандемијата нема да значи дека вирусот ќе го снема и повремено во одредени популации ќе се заканува, како што тоа го прави грипот, смета имунологот.

Тој очекува следната недела да има реализација на препораката за укинување на заштитните маски и најави нови договори за вакцини против Ковид-19.

- За на есен ќе имаме договор со Џонсон и Џонсон, следна е Модерна која ќе ја имаме, а останува и соработката со Фајзер. Бројот на дозите се 100.000 до 200.000. Овие три вакцини планираме да ги имаме, истакна Петличковски.

Тој најави дека и натаму укинувањето на мерките ќе оди постепено, а во поглед на уминизацијата најмногу комиисјата ќе се потпре на кампањата.

- Ќе вртиме на луѓе, дали сте се вакцинирале, кој е проблемот? Ќе бидат таргетирани сите ризични групи, а потоа ќе следуваат оние кои подолго од шест месеци не се вакцинирале. Планираме во мирниот период да организираме достапно тестирање, да нема чекање два, три дена, пет дена. Разговараме за набавување на лекови кои се даваат во првите денови кај ризичните болни, рече Петличковски.

Додаде дека имаме убедливо намалување на бројот на хоспитализирани и број на смртни случаи, што секако укажува дека состојбата е многу подобра од сите месеци наназад. 

- Трендот е да не се оптеретуваме со новите случаи, се оди натаму оваа болест да стане секојдневна. Имаме само 70 пациенти кои лежат во целата земја, за разлика од 2.000 пациенти кога имавме, вели Петличковски.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“