Петти ден се протестира пред Собранието против промена на името
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
Граѓаните петти ден по ред, пред Собранието протестираат поради договорот со Грција за промена на името на државата. Протестите започнаа во вторникот минатата недела откако премиерот Зоран Заев објави дека е постигнато решение за спорот.
Засилено полициско обезбедување има пред Законодавниот дом.
Синоќа имаше инциденти, повредени демонстранти и полицајци.