26 Април, 2024
0.0537

Нови рути од Северна Македонија

Петтиот AIRBUS А320 се приклучи на скопската база на WIZZ AIR

Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Wizz Air, еден од најбрзорастечките авиопревозници во Европа и најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Северна Македонија денес заедно со ТАВ Македонија ја прослави алокацијата на петтиот авион и започнувањето на три нови рути од Северна Македонија, почнувајќи од 31 Јули и 2 Август 2019. Патниците отсега ќе можат да патуваат од Скопје до Турку на југозападниот брег на Финска и Ларнака – еден од најстарите градови во Кипар, регион познат по својата исклучителна природна убавина.Третата рута која се прославува денес го поврзува Охрид со Меминген, која заедно со неодамна отпочнатата рута до Дортмунд им овозможува на патниците погодна шанса да патуваат од Охрид до Германија. Билетите се достапни на www.wizzair.com со ниски цени дури од MKD899/EUR14.99*.

Со традиционална авијациска церемонија за добредојде - воден мост околу воздухопловот и закуски – првите патници на летот на Wizz Air од Скопје до Турку беа пречекани на аеродромот во Скопје. Малку подоцна полетаи вториотславенички лет од Скопје до Ларнака. Патниците кои ќе патуваат од Охрид до Меминген ќе уживаат во својот прв лет на 2 Август 2019.

WIZZзапочна со работа во Северна Македонија во 2011 и постави база во Скопје во 2012. После 7 години успешна работа, авиокомпанијата најави понатамошна експанзија во својата база во Северна Македонија со алокација на петтиот Airbus А320 авион на крајот на Јули 2019. Новиот авион претставува инвестиција од 101 милион долари** во локалниот авијациски пазар и ќе придонесе кон креирањето на преку 30 нови работни места во Wizz Air.

ТАВ Македонија официјално нагласи дека се горди и среќни што ги додаваат овие нови рути на долгата листа на градови поврзани со директни летови од аеродромот во Скопје, како и новите дестинации од аеродромот во Охрид – Дортмунд, додаден во Јули и Меминген, кој ќе започне на почетокот на Август.

-Денешната прослава по повод започнувањето на новите рути до Турку и Ларнака од аеродромот во Скопје е уште еден доказ за нашата посветеност како оператор на аеродромите, вистински да го развие аеродромското и авијациското оперирање во нашата земја. Ова е само уште еден силен индикатор дека авијацискиот пазар во Северна Македонија расте и дека со секоја нова дестинација нашите патниците се еден чекор поблиску до Европа и до светот, бидејќи ја имаат шансата да патуваат по прифатливи цени во комбинација со одлично искуство на нашите аеродроми и во нашите авиони. Со петтиот авион на Скопската база, WizzAirсамо го потврди неговото успешно работење на нашите аеродроми. Турку, важен бизнис и културен центар во Финска, како нова дестинација е сосема нов пазар за нас и ние веруваме дека нашите клиенти и патниците наскоро ќе ги почувствуваат бенефитите од оваа воздушна рута, исто како што и Финците ќе имаат шанса да ја посетат и да ја истражат нашата земја. Од друга страна пак, Ларкана, позната по својот морски брег со палми и долги плажи и со услужниот сектор како своја главна економска гранка, вклучувајќи го и туризмот, ќе биде уште една атрактивна дестинација, во која патниците ќе можат да ја истражат и да ја искусат убавината и природата на Кипар. Понатаму, новите дестинации на WizzAirод аеродромот во Охрид – Дортмунд и Меминген, ќе го олеснат патувањето на патниците од охридскиот регион. Севкупно, активностите и резултатите на двата аеродроми покажуваат дека ние постојано работиме во насока на зајакнување на нашата мрежа од рути, изјави Алпер Ерсој, генералниот директор на ТАВ Македонија.

Само оваа година, WIZZ започна да оперира на 4 нови дестинации од Скопје до: Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку, како и 4 нови дестинации од Охрид до: Малме, Милано, започнато во Март 2019, Дортмунд започнато на почетокот на Јули и Меминген во Август. Севкупно, тоа се 38 рути до 16 земји работени од Wizz Air на два аеродроми во Северна Македонија: Скопје и Охрид.

Паулина Госк, Корпоративен Менаџер за комуникации во WizzAirизјави:WizzAirпостојано ја следи побарувачката на потрошувачите на Северна Македонија за нови рути со нови летови по ниски цени и одговара на истата, така што нуди шанси на патниците за одлично, патувачко искуство. WizzAir продолжува да биде најголемиот придоносител на авијацискиот, патувачкиот и угостителскиот развиток во Северна Македонија. Денес ја прославуваме алокацијата на петтиот AirbusA320 авион и новите рути од Скопје и Охрид. Ние сега оперираме со 38 рути до 16 земји од Скопје. Ние ги покануваме сите патници да ги истражат нашите нови и возбудливи Европски дестинации истовремено уживајќи ги ниските цени и одличното патувачко искуство на WIZZ.

НОВИТЕ РУТИ НА WIZAIRОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Рути

Денови

ОД

Цени од*

Скопје – Ларнака

Среда, Сабота

31 Јули 2019

MKD 899/EUR 14.99

Скопје – Турку

Среда, Сабота

31 Јули 2019

MKD 1,499/EUR 24.99

Охрид – Меминген/Западен Минхен

Понеделник, Петок

2 Август 2019

MKD 899/EUR 14.99

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет