06 Мај, 2024
0.0231

ПИПЕРКИ ИЛИ ЧИПОВИ: Во која земјоделска земја подобро се заработува од компјутерски услуги

Објавено во: Економија 03 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија вообичаено се смета за земјоделска земја и за оваа намена се доделуваат милионски субвенции, сепак лани во овој сектор имаме минус од околу 240 милиони евра во трговската размена со светот. Ланскиот извоз на ИКТ- услуги во износ од 150 милиони евра речиси се приближи до вкупниот извоз на домашно овошје и зеленчук (171,3 милиони евра) и значително ги надмина вредностите на извозот на жито и житни преработки (66,5 милиони евра), млечни производи и јајца (10,1 милиони евра) и месо и месни преработки (22,9 милиони евра)

Македонија има неколку извозни адути, како раноградинарските производи, тутунот, виното, металите, текстилот, но се чини скриен „ас во ракавот“ се услугите и производите на компаниите од секторот за информатичко- комуникациски технологии (ИКТ).

Според податоците од платниот биланс на Народната банка на Македонија, македонските ИКТ фирми во периодот јануари- мај на светскиот пазар извезоа услуги вредни 67,2 милиони евра, додека вредноста на увозот на вакви услуги на македонскиот пазар изнесува 39,2 милиони евра, што значи дека во овој сектор е оставена добивка од околу 28 милиони евра.

Овие бројки се показател дека продолжува силниот развоен скок во последниве години во македонската ИКТ индустрија. Во минатата 2016 година, компјутерџиите на земјава и донесоа позитива во надворешно- трговската размена од 76 милиони евра. Односно, тие во странство пласираа услуги вредни 150,5 милиони евра, додека вредноста на ИКТ увозот на македонскиот пазар изнесуваше 74,8 милиони евра.

Компаниите од секторот за информатичко- комуникациски технологии веќе неколку години по ред покажуваат одлични резултати со тенденција еден ден да бидат меѓу главните извозни ставки на македонското стопанство. Нивните производи и услуги веќе имаат поголем придонес за македонскиот извоз од некои сектори кои се сметаа за клучни за домашното стопанство.

Така, иако, Македонија вообичаено се смета за земјоделска земја и за оваа намена се доделуваат милионски субвенции, сепак лани во овој сектор имаме минус од околу 240 милиони евра во трговската размена со светот. Односно, вкупниот минатогодишен увоз на производи за храна вреди 554,2 милиони евра, а извозот на странските пазари изнесува 314,5 милиони евра. Ланскиот извоз на ИКТ- услуги речиси се приближи до вкупниот извоз на домашно овошје и зеленчук (171,3 милиони евра) и значително ги надмина вредностите на извозот на жито и житни преработки (66,5 милиони евра), млечни производи и јајца (10,1 милиони евра) и месо и месни преработки (22,9 милиони евра). Значењето на ИКТ- фирмите за подобрување на состојбата со надворешно- трговскиот биланс е уште поочигледана ако на другата страна на вагата се постават бројките за вредноста на увозот на овие прехрамбени производи, кои се речиси двојно поголеми отколку извозот, освен кај овошјето и зеленчукот.

За добрата клима за работа на овие компании покажуваат податоците за зголемен извоз од година во година. Ланскиот извоз е зголемен 16 отсто во споредба со извозот во 2015 година кога изнесуваше 129,6 милиони евра. Во 2014 година се извезени ИКТ- услуги во вредност од 121,3 милиони евра, а во 2013 година 119,7 милиони евра и беше поголем за 13 отсто во споредба со 2012 година.

 Растот се должи на големиот број новоформирани информатички компании во земјава кои соработуваат со големи светски брендови. Според податоците од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, околу 95 отсто од извозните активности, македонските компании ги реализираат како подизведувачи на поголеми странски проекти, додека само 5 отсто од извозните активности се продажба на спакуван софтвер.

(М.Б.) 


Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК