ПИСМО ДО ЗАЕВ: Што му пиша Виктор Орбан?
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2018
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан до кабинетот на премиерот Зоран Заев испратил писмо со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји.
Во писмото, кое Орбан го потпишува и во име на Вишеградската четворка, тој го поздравува решението што двете земји, Република Македонија и Република Грција, го постигнаа во врска со прашањето за името, информираа од Владата.
Унгарија го поддржа усвојувањето на резолуцијата на ЕУ со која се овозможува започнување на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ.
Орбан во писмото истакнува дека „унгарската Влада постојано, преку сите форуми се залага за забрзување на евроатлантската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, така и за Република Македонија“.
Во писмото испратено до Заев, Орбан потенцира дека Унгарија ја поддржува и поканата за членство што нашата земја ја доби од НАТО на 11 јули, се додава во соопштението.