29 Април, 2024
0.0271

По Брегзит Британија економски ќе „падне“, но изненадување е кој ќе ја надмине

Објавено во: Економија 19 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Во иднина Индија ќе биде економски поразвиена од Британија. 

По Брегзит, Велика Британија веќе следната година, по напуштањето на ЕУ, економски ќе „падне“. Таа би можела од петтото да „падне“ на седмото место на листата на најголеми светски економии. 

Ова е во согласност со прогнозите на експертите на консултантската фирма „Прајсвотерхаус Куперс“ (ПвЦ).

Индија би можела да ја поттисне Велика Британија од петтото место. Во тој случај повисоко ќе котира Франција, чија економија ќе биде шеста најмоќна во светот.

Според консултантската куќа, во наредната година француската економија ќе забележи раст од 1,7 проценти, а индиската од 7,6 отсто.

ПвЦ прогнозира дека во текот на 2019 година економскиот раст на Велика Британија би можел да изнесува 1,6 проценти, доколку земјата без поголеми проседици успеа да го надмине шокот од евентуално истапување од ЕУ без договор.

Економистот на ПвЦ, Мајк Џејкман вели дека Велика Британија и Франција изминативе години во неколку наврати си ги менуваа местата на листата на најголеми светски економии, но дека оваа и следната година „тасот на вагата ќе натежне“ кон француската економија.

Британската Влада на денешната седница донесе одлука нејзин „работен приоритет“ да биде засилување на подготовките за можен излез на Велика Британија од Европската Унија без договр, во услови кога мнозинството од пратениците во Парламентот во Лондон се противат на постигнатиот Договор за Брегзит.

Владата информира дека ќе започне да подготвува планови за Брегзит без договор и им препорачува на јавноста и на компаниите да бидат спремни за таква можност.

Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега