04 Мај, 2024
0.0340

По еден век нови детали за катастрофата на Титаник

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Истражувачи тврдат дека дошле до нови докази за потонувањето на Титаник кои укажуваат на тоа дека катастрофата започнала од пожарот што избувнал во трупот на бродот пред самото испловување, а иако знаеле за тоа, сопствениците на бродот не сакале да го одложат испловувањето.

Новинарот Сенан Молони, кој веќе 30 години го истражува потонувањето на Титаник, проучувал ретки фотографии што ги снимил главниот електричар на бродот и забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот на местото каде што подоцна ќе удри мразот.

Се претпоставува дека дамките настанале од пожарот во една од котларите, кој го гаснеле 12 луѓе, но бил преголем. Температурата се искачила над 1000 Целзиусови степени, а екипажот наводно добил наредба за тоа да не зборува. Молони уште тврди дека бродот пред испловувањето бил така закотвен, што патниците не можеле да го видат пожарот.

Кога Титаник удрил во мразот, трупот на бродот бил ослабен од топлината на пожарот и попуштил, што овозможило водата брзо да навлезе во внатрешноста и бродот да потоне за кратко време.

„Официјалната истрага на потонувањето се толкуваше како Божје дело, но ова не е едноставен случај на судар со леден брег. Катастрофата е последица на пожарот, мразот, но и човечкиот фактор, негрижа на сопственикот на компанијата. Стручњаците за металургија ни рекоа дека таквите температури можат да ја ослабат цврстината на челикот за 75 отсто“, тврди Молони, пренесува The Independent.

Во несреќата на Титаник кој потона во април 1912 на пат од Саутемптон кон Њујорк животот го загубија над 1.500 патници и членови на екипажот, а повеќе од еден век се веруваше дека трагедијата ја предизвикал ударот во голема санта мраз.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“