06 Мај, 2024
0.0264

По големиот број заразени викендов, Комисијата ќе препорача крај на работното време во 22 часот

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во моментов членови на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче имаат состанок во Владата со премиерот Зоран Заев каде разговараат за новите рестриктивни мерки.

Имено, по евалуацијата на епиедмиолошката состојба за време на викендот, кога имаше повеќе повеќе од 1.000 новозаразени, од Комисијата за заразни болести сметаат дека крај на работното време треба за сите економски субјекти треба да биде во 22.00 часот, наместо во 23.00, како што во петокот најави министерот за здравство Венко Филипче.

Уште тогаш, извори на Фактор најавија дека е можно да препорачаат затворање на сите продавници, минимаркети, сендвичарници, пекарници, кафулиња во 22.00 часот.

-Нашиот предлог ќе биде од 23.00 до 05.00 часот ништо да не работи или тоа ќе биде дури и од 22.00 до 05.00 часот, но нема да има ограничување на движењето. Ако сака некој  да си се шета, нека се шета во ноември, декември, но нема ништо да работи. Целта е да го намалиме групирањето во затворените објекти, каде што ризикот е многу поголем за ширење на заразата, изјавија во петокот за Фактор од Комисијата за заразни болести.

Во текот на денот, Министертот за здравство, Венко Филипче ќе има и официјална изјава кога ќе соопшти кои рестриктивни мерки ќе ги применат со цел намалување на трансмисијата на корона вирусот.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните