По нападот во Реина, Турција уште три месеци во вонредна состојба
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2017
Вонредната состојба во Турција ќе трае уште 3 месеци.
Парламентот во земјата ја продолжи за уште 3 месеци вонредната состојба, што беше воведена по обидот за пуч на 15 јули лани.
Вонредната состојба и овозможува на турската Влада „да го заобиколи“ Парламентот во донесувањето нови закони, како и да ги ограничи или суспендира правата и слободите доколку процени дека е неопходно.
Според најновите податоци, за време на истрагата за пучистите уапсени се над 41.000 лица, поради сомнение дека се поврзани со муслиманскиот проповедник, Фетулах Ѓулен.
Турските власти го обвинуваат Ѓулен, кој живее во егзил во САД, дека стои зад обидот за преврат за соборување на претседателот, Реџеп Таип Ердоган.
Во ноќниот клуб Реина во Истанбул на новогодишната ноќ имаше напад, при што загинаа 39 лица, а 69 се повредени.
И лани Турција беше мета на серија напади на исламистите.
Се трага по вооружениот маж кој го изврши масакрот.