По неколку децении третина од Бугарите ќе живеат во Софија
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2016
По неколку децении во Софија ќе живеe 30% од населението на Бугарија.
Во моментов уделот е околу 20%. Таков е трендот во сите мали европски држави, а населението ќе оди таму каде има работа. Ова го тврди Георги Павлов, извршен директор на Адреса Недвижности.
„Во Софија нема невработеност, а платите во споредба со другите големи градови како Варна, Пловдив и Бургас се 50% повисоки, што да зборуваме за Видин, кој останува најсиромашна област на Бугарија. Овој град исчезнува. Населението му се намали со 25%. Видете го пописот во 2001 година и 2011 година и споредете ги податоците "- прецизира Павлов.
Според него, Пловдив е еден од најдобрите примери за добра комбинација меѓу приватни инвеститори и општината.
Тој додава дека општините треба да имаат градски превоз, мора да имаат детски градинки, училишта, треба да има одредени парцели за продавници, паркови за да привлечат инвеститори и да го задржат населението.