27 Април, 2024
0.0264

По осум години Водовод набави нова специјализирана механизација за 30 милиони денари

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Генералниот директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје Душко Весковски заедно со градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, во просториите на Сервисниот Центар Бутел, ја промовираше обновената механизација за потребите на претпријатието. 

Обновувањето на механизацијата е од особено значење, првенствено за подобрување и унапредување на работниот оперативен процес, но и за подобрување на условите за живот на граѓаните, како и за грижата за животната средина.


„Во оваа фаза беше опфатена набавка на две нови цистерни под притисок со волумен од 4м3, две цистерни под вакуум со волумен од 4м3, како и специјализирано мерно комбе возило за испитување на дефекти на водоводната мрежа. Вкупната инвестиција за обнова на механизацијата изнесува околу 30 милиони денари“, соопштија од ЈП Водовод.

Од таму посочуваат дека ова е прва набавка на ваков тип на возила од 2011-та година до денес и во овој момент претпријатието располага со 10 цистерни под притисок и 10 цистерни под вакуум.


Цистерните под притисок се употребуваат во процесот на одзатнување на канализациските цефки од различни профили користејќи вода под притисок, додека пак цистерните под вакуум се употребуваат за црпење на вода при поправки на водоводни дефекти, за црпење на отпадна вода како и за чистење на сливници.

Специјализираното мерно комбе возило е со вградена опрема и опрема за третирање на загуби на вода според најновите стандарди, со што се овозможува детектирање на дефекти, нивно полесно и побрзо лоцирање како и намалување на загубите на вода.

Новите возила со кои е обновена механизацијата на ЈП Водовод и Канализација – Скопје се опремени со најновите еко мотори со емисија на издувни гасови според стандардот Еуро 6, кој се карактеризира со 96% намалена емисија на честички кои делуваат на аерозагадувањето.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг