ПО СЕКОЈА ЦЕНА НА МОРЕ: Србите земаат кредити за одмор
Објавено во: Балкан 07 Јули, 2016
Граѓаните во јуни земале 60 милиони евра кредити повеќе од мај, а голем дел од овие средства ќе бидат потрошени за летување.
Дека на Србите им е најважен одморот и уживањето покажуваат податоците од Здружението на банкари.
Тие говорат дека во јуни долгот на луѓето е зголемен за 1.3%.
„Во јуни банките ги зголемиле кеш и потрошувачките кредити. Со овие пари граѓаните плаќаат летување или дополнуваат семеен буџет за да одат на одмор. Сличен тренд имавме и во март, кога се задолжуваа за реновирање на станови“ - велат банкарите.
За разлика од развиените земји, во Србија и понатаму летувањето се плаќа на рати.