По смртоносниот, уште еден земјотрес го стресе Пакистан
Објавено во: Свет 26 Септември, 2019
Десетици луѓе се повредени во земјотрес кој денеска го погоди Кашмир во Пакистан.
Оштетени се голем број куќи, а најтешко погодена е областа Мирпура, исто како и при земјотресот во вторникот.
Локалните жители две ноќи поминаа спиејќи надвор, во страв дека нивните куќи ќе се урнат после уште еден потрес.
Ова се случува два дена по силниот земјотрес во кој загинаа најмалку 37 луѓе.