По смртта на Барбара, Буш заврши во болница
Објавено во: Свет 24 Април, 2018
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш заврши во болница поради инфекција. Ова се случи неколку дена по смртта на неговата сопруга Барбара, објави Би-Би-Си.
Портпаролот на семејството рече дека поранешниот претседател имал позитивен одговор на третманот.
93-годишниот политичар беше примен во болница во Хјустон во неделата изутрина.
Тој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година. Исто така, претседател беше и неговиот син Џорџ Буш, Џуниор.