16 Мај, 2021
0.0237

ПО ТРАЈЧЕ ЗАЕВ, СЕ ЈАВИ И СДСМ - комбето и приведените немаат поврзаност со семејството на претседателот Заев

Објавено во: Македонија 11 Април, 2021

По Трајче Заев, кој се огласи преку фејсбук дури од Дубаи за да демантра дека возачот и комбето со запленетата дрога се на негова фирма, се огласи и СДСМ.

Тие со напади кон ВМРО-ДПМНЕ, исто така ги демантираат тие информации.

„Изгубени во желбата да се наштети по секоја цена, ВМРО-ДПМНЕ фејк-њуз веќе немаат граница во нивните лаги, тенденциозни манипулации и конструкции. Неможејќи да се соочат со фактот дека патот на правдата во државата и е чист, дека институциите борбата против корупцијата ја водат бескомпромисно, ВМРО ДПМНЕ ги засилува лагите и шири класични невистини и преку своите партиски мегафони, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Пробаа да наштетат на сложена полициска истрага и акција, но не успеаа. Сега повторно пробуваат да конструираат невистина за голема полициска професионална акција во соработка со ДЕА во којашто е запленето големо количество марихуана и повторно нема да успеат. ВМРО-ДПМНЕ фејк-њуз предводена од Мицкоски по којзнае кој пат фатена во лага. Ниту комбето кое го спомнуваат, ниту било кој од приведените во акцијата имаат каква било поврзаност со семејството на претседателот Зоран Заев.

Наместо да шират лаги и прават конструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на јавноста зошто токму тие го бранат Орце Камчев, за какви дела бил осуден во Германија Антонио Милошоски, која е улогата на Александар Николовски во изборите во Азербејџан за што пратеници од други држави веќе се осудени на затворска казна.
ВМРО-ДПМНЕ не научи да биде конструктивна опозиција која работи во интерес на граѓаните и на државата, лажните вести и одбрана на криминалот се единственото што оваа партија го нуди, затоа е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Димитров за „Та Неа“ објасни каде е „заглавена“ Македонја на патот кон ЕУ

Димитров за „Та Неа“ објасни каде е „заглавена“ Македонја на патот кон ЕУ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти

СДСМ на Конгрес бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

СДСМ на Конгрес бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

Грците не пропуштаат патници без ПЦР тест или комплетна имунизација

Грците не пропуштаат патници без ПЦР тест или комплетна имунизација

По грешка му ја вбризгале втората доза од „Спутник V“, сега ќе се ревакцинира со првата

По грешка му ја вбризгале втората доза од „Спутник V“, сега ќе се ревакцинира со првата

Под знак прашалник е судбината на 50.000 дивоградби

Под знак прашалник е судбината на 50.000 дивоградби

Во кои градови има најмалку активни случаи на коронавирусот?

Во кои градови има најмалку активни случаи на коронавирусот?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигнаа 100.000 кинески вакцини, бројот на заразени со коронавирусот се намалува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигнаа 100.000 кинески вакцини, бројот на заразени со коронавирусот се намалува

Ректорот Јанкуловски: Препознавам дискриминизација во имунизацијата на професорите по универзитети

Ректорот Јанкуловски: Препознавам дискриминизација во имунизацијата на професорите по универзитети