По вчерашниот протест против ДУИ, поднесено обвинение за Ел Чека
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2019
По вчерашниот протест предводен од најблиските и роднините на Ел Чека против ДУИ во Тетово, денеска Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против него за неовластено прислушкување и тонско снимање.
„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица“, се вели во обвинението кое наложува кривично гонење.
Според актот, Ел Чека на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори.
Од Обвинителството велат дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело и за истото е пропишана казна затвор од 1 до 5 години.
Ел Чека „им овозможил на неповикани лица да се запознаат со разговори или изјави кои се прислушкувани или тонски снимани“.