Побрзајте, куќа на село за 1000 евра
Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2017
Паѓаат цените на куќите во руралните средини во Србија.
Во делот на Банат има куќи за 2000 евра, а во Пирот околу 1000 евра.
Таму каде што цените се најниски, купувачи и нема.
Евтини се куќите во селата долж романската граница.
Таму простојни куќи со двор има и за 2000 евра.
Во општина Нова Црња се продаваат недвижнини за 3000 до 4000 евра.
Во селото Верзар во општина Димитровград куќи се нудат за 1000 евра.
И во околината на Врање има села со по неколку домаќинства, а се бараат стари куќи за малку пари.