ПОБРЗАЈТЕ ВО УЈП: Уште неколку дена за задолжителната обврска
Објавено во: Економија 25 Декември, 2018
На граѓаните им остануваат уште 5 дена да се регистрираат во системот на е-Персонален данок.
Според последните информации околу една третина од граѓаните не ја завршиле својата законска обврска и не се регистрирале во УЈП. Тоа значи дека не ја завршиле законската обврска а за пензионерите оваа обврска сепак не важи бидејќи истата се пролонгираше.
Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.
Ова е во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.