Почина терористот кој сакаше да изврши напад на Шанзелизе
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2017
Француските власти известија дека терористот кој со автомобил сакал да изврши напад врз починал откако настанала експлозија по обидот да се судри со жандармеријата на париската улица Шанзелизе. Во инцидентот нема повредени полицајци.
Париската полиција покренала истрага, и се верува дека се работи за терористички напад, бидејќи во возилото се пронајдени калашников, пиштоли и димни бомби.
Околу прометната улица Шанзелизе е зголемена безбедноста, со препорака до граѓаните да го избегнуваат центарот на Париз.