06 Мај, 2024
0.0245

ПОЧНА СЕОЗНАТА НА ПАТУВАЊЕ: Еве каде во регионот е најевтино да се наполни гориво

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

За оние кои летово планираат да патуваат со автомобил до најблиските плажи во соседството, важна инфомрација за планирање на трошоците за патувањае се цените на бензините и горивата, или поточно колку ќе чини полнењето на резервоарот. 

Анализите кои ги направиле соседите, велат дека најевтино ќе биде ако автомобилите се полнат со гориво во Македонија, каде што дизелот е 1,21 евро или во Босна и Херцеговина, каде литар дизел е 1,245 евра, но сепак треба да се внимава и на патарините.

Луѓето од соседствот најчесто одат на море во Црна Гора и Грција, а последниве години хит дестинации се и Неум во БиХ и повеќе локации во Албанија. Бидејќи летната сезона штотуку започна, потребно е да се направи добар план за полнење гориво, бидејќи тоа е еден од најголемите трошоци од домашниот буџет.

Блиц.рс“ го советува читателите, ако се упатите кон морето преку Македонија, не двоумете се да точите гориво бидејќи за околу 60 евра ќе можете да наполните полн резервоар со еуродизел, ако се земе предвид дека просечниот капацитет на еден резервоар е 50 литри. 

Исто така, добро ќе поминете и во БиХ бидејќи ќе ви требаат околу две евра повеќе од тоа, односно 60 евра. На овој начин ќе заштедите околу 2.000 динари (1.000 денари) во однос на полнење гориво во Србија.

Бензинот во Босна и Херцеговина е 1,32 евра, а во Северна Македонија околу 1,30 евра. Во Хрватска цената на еуродизелот е 1,24 евра, додека премиум варијантата е околу 1,60 евра, а бензинот 1,32 евра.

Во Црна Гора литар еуродизел е 1,34 евра, а литар еуросупер, односно бензин 1,53 евра.

Според веб-страницата GlobalPetrolPrice, литар бензин во Грција е најскап и е 1,86 евра, а дизелот е 1,55 евра, додека во Албанија дизелот на пумпите се продава по цена од 1,51 евро.

Секоја од овие земји во регионот има свои принципи при објавувањето на новите цени на горивата, но тие најчесто се менуваат на неделно ниво.

Важна ставка на патувањата се патарините. На автопатиштата во Србија од 1 април на сила е нов ценовник за патни такси, кој е повисок за 14 отсто. Возачите на патнички автомобили обично плаќаат 200 динари повеќе, но просечното поскапување е 50 динари.

За да одите до црногорското приморје преку автопатот Милош Велики ќе ви требаат 4 евра или 480 динари за патарина. Во Црна Гора, пак, се наплаќаат патарини на две делници и тоа на автопатите Ситница - Херцег Нови и Бар - Подгорица. За да поминете низ тунелот Сожине треба да платите 2,5 евра, додека патничките возила плаќаат патарина од три евра на делницата Мељине - Требиње.

Патарината за Албанија е 5 евра на единствениот автопат досега. Патарината кон Грција е 1.699 динари - или половина во денари грубо околу 800 денари. На пат до морето во Хрватска најпрво треба да платите патарина во Шид од 479 динари, а на другите патарини на хрватските автопати патарината е околу 25-30 евра.

Што се однесува до патот низ Србија, возењето по автопатот „Милош Велики“ сега чини 490 динари, наместо 430, а оние возила кои имаат ТАГ уреди за електронско плаќање, на таа релација ќе плаќаат 465 динари. За делот Белград-Ниш патарината сега е 890 динари, а со поскапувањето ќе биде 1.020 динари.

Цените на нафтата во светот

Барел нафта моментално изнесува околу 75 долари, а на европскиот пазар на почетокот на годината се тргуваше по цена од 117 долари, а новите цени на горивата во Србија прочитајте ги на линкот подолу.

Цените на овој енергенс паѓаат на глобално ниво, моментално се стабилни, но од јуни тоа би можело да се промени во зависност од одлуките на групата ОПЕК на јунскиот состанок, но и од светската геополитичка ситуација.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години