06 Мај, 2024
0.0390

Почнаа „тивките“ битки за кандидати за градоначалници

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во пресрет на локалните избори кои се уште е неизвесно дали ќе се распишат во почетокот на август, партиите ги прават листите за можните кандидати и вршат анкети меѓу членството и граѓаните. Најголемите битки ќе се водат за големите градови, Градот Скопје и секако за скопските општини одделно.

Извесно е дека сегашната опозиција ќе оди со сегашниот градоначалник Коце Трајановски, кој се уште има најголем рејтинг меѓу граѓаните и членството. Изминативе два мандати покажа дека генерално земено умее да го менаџира градот и се снаоѓа во комплексните политички збиднувања. Сегашната власт се уште не пушта имиња во јавноста, шпекулирајќи со амбициите на Дамјан Манчевски, Петре Шилегов и други проверени партиски кадри. Сепак, не би требало да изненади и кадровско решение вон партиските рамки на партиите партиципиенти во власта.

Интересни битки ќе се водат и во скопските општини. Опозицијата веќе почна кампања во општина Аеродром за досегашниот градоначалник Ивица Коневски. Иако партијата не помина добро на изборите во декември, сепак партиските анкети му даваат предност пред другите кандидати од опозицијата. Како можни против кандидати најчесто споменувани се имињата на Златко Марин од СДСМ и сегашниот министер Зоран Шапуриќ од ЛДП. Мошне извесно едека  ЛДП ќе го бара и градоначалничкото место во Битола за својот претседател Горан Милевски кој е битолчанец. Но, со оглед дека Аеродром и Битола се големи општини, прашање е дали ЛДП ќе успее да се избори и за двете. ЛДП би изгубила еден пратеник доколку сегашниот пратеник и претседател на  ЛДП Горан Милевски ја добие Битола.

Неизвесно е и во општина Центар, каде Жерновски важеше за сигурен кандидат на позицијата. Иако тој стана градоначалник од редовите на ЛДП, во својот мандат се дистанцираше од партијата и се пријави за втор мандат како кандидат во СДСМ. Амбиции за градоначалничкото место покажува и сегашниот директор на Паркинзи на општина Центар, кој е во тивка војна за превласт меѓу партиските членови со Жерновски. По последните написи кои инсинуираат сомнителни конекции и договори на сегашниот градоначалник, нема да биде изненадување СДСМ да оди со сосема ново име.

За општина Карпош амбиции покажуваат неколку кандидати од СДСМ, а најотворено настапува Анте Поповски, кој како веќе да води кампања против извесниот кандидат на опозицијата, сегашниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

Во останатите скопски општини веројатно досегашните градоначалници нема да трчаат за нов мандат, освен можеби Тони Трајановски во Гази Баба каде ВМРО-ДПМНЕ убедливо водеше на изборите во декември 2016та.

Останува да се види кога ќе се закажат локалните избори, по што партиите сигурно поотворено ќе ги истакнат своите потенцијални кандидати за градоначалничките места. И во двата политички блока секако големо значање во изборот на финални кандидати ќе имаат анкетите бидејќи на локалните избори личноста за која гласаат е пресудна за граѓаните, а не партиската припадност.


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје