29 Јануари, 2020
0.0175

Почнува битка за двотретинско мнозинство: Одметнатите од ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат за Законот за одбрана

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019

Ќе се обезбеди ли без проблем двотретинско мнозинство за Законот за одбрана кој денеска е ставен на собраниска седница? Според последните информации, можно е ВМРО-ДПМНЕ да се воздржи од поддршка со што, се очекува, законот да не се донесе брзо, како што очекуваат од Владата. Владини извори велат дека почнува борбата за обезбедување на 80 пратеници кои ќе притиснат „за“, но не се впуштаат во дополнителни коментари кои се конкретните очекувања. Можно е клучна улога во гласањето повторно да имаат независните пратеници, тие кои обезбедија мнозинство и за уставните амандмани, повеќето поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за одбрана е системски закон и со него се обезбедува прилагодување со НАТО стандардите.

Според изворите единствена пречка за ВМРО-ДПМНЕ е што во законот стоело новото уставно име на земјата. Како ќе се позиционираат силите ќе покаже уште денешниот ден. Инаку името Северна Македонија стои и на документот за ратификација за членството во НАТО која исто така треба да помине во Парламентот.

Како тогаш ќе се гласа останува да се види. До тогаш, а во таа смисла се отвора и уште една дилема, а тоа е што ако Шпанија не го ратификува НАТО протоколот за прием на Северна Македонија во Алијансата до распуштањето на македонскиот парламент. Од Владата вчера брифираа дека ќе пристапат кон „условна“ ратификација на документот. Според владини извори, тоа е „планот Б“ чија цел е изборниот процес во земјава да не влијае врз одлуката за формален прием на земјата во Алијансата.

Условната ратификација, би се изгласала пред распуштањето на Собранието, но би стапила на сила и би се објавила во „Службен весник“ само откако Шпанија ќе го ратификува протоколот. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Почувствуван земјотрес во Македонија

Почувствуван земјотрес во Македонија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Полицијата преземa мерки за „Јавна соба“, во регионот страв од коронавирусот

ФОКУС НА ДЕНОТ: Полицијата преземa мерки за „Јавна соба“, во регионот страв од коронавирусот

Фетаи: Kритериумите за избор на шеф и обвинители треба да бидат построги

Фетаи: Kритериумите за избор на шеф и обвинители треба да бидат построги

Ќе биде ли сабота неработен ден?

Ќе биде ли сабота неработен ден?

Oтпочната е санацијата и рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро

Oтпочната е санацијата и рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро

Се формира комисија за спроведување на мерката за клима инвертери

Се формира комисија за спроведување на мерката за клима инвертери

За пасоши ќе има обрасци некаде до средината на февруари

За пасоши ќе има обрасци некаде до средината на февруари

Дали вашите нарачки од Алиекспрес се безбедни од коронавирус?

Дали вашите нарачки од Алиекспрес се безбедни од коронавирус?

Петнаесетгодишно девојче донесено во Клинички центар со прострелна рана во главата

Петнаесетгодишно девојче донесено во Клинички центар со прострелна рана во главата