ПОЧНУВА ПЕРИОДОТ НА СЛАВИ: Филипче апелира семејните собири да бидат само во кругот на најблиските
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2020
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на својот
профил на Фејсбук, непосредно пред почетокот на периодот на славите, ги повика граѓаните,
да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот и да се избегне групирање по домовите, а со
тоа сите заедно да помогнат побрзо да се излезе од коронакризата.
– Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас. Оваа година да ги прославиме празниците и славите само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски, пишува министерот за здравство, Филипче.