Поддршка од потпретседателот на САД до Заев
Објавено во: Свет 06 Јули, 2018
Вториот човек на САД, Мајк Пенс, објави дека разговарал со премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за да им ја соопшти поддршката од САД за Договорот за името.
Оваа интервенција на Пенс следува со цел да ги охрабри двајцата лидери да истраат во неизвесностите околу спроведувањето на фазите од договорот.
„Разговарав со македонскиот премиер за да му ја понудам поддршката на САД за историскиот договор за решавање на долготрајното прашање за името со Грција. Успешната имплементација ќе ја отвори вратата за европска интеграција и ќе ги зајакне просперитетот и стабилноста на регионот“.
Пенс напиша дека истото го сторил и со грчкиот премиер Ципрас за да помогне во стабилноста на процесот во спроведувањето на договорот потпишан во Преспа.