Добивај вести на Viber
Нов погон вреден 50 милиони евра, отвори Нестле, вчера во фабриката за замрзнати пици „Вагнер“ во Германија.
Со инвестицијата на компанијата Nestlé во фабриката сместена во германскиот град Нонвајлер отворени се 50 работни места а исто така е зголемено и производството на производите на „Вагнер“, вклучително и на брендовите Big Pizza, Piccolinis и Die Backfrische.
Ова вложување е дел од постојаните настојувања на компанијата Nestlé да ја зајакне својата стручност на подрачјето замрзната и разладена храна. Оттаму, претходно компанијата најави вложување речиси од 40 милиони евра во истражување и развој во сегментот замрзната храна во Соединетите Американски Држави.
Во минатиот месец е најавена и изградба на нова фабрика PURINA за храна за домашни миленици во Полска, вредна повеќе од 75 милиони евра, во која од втората половина на 2014 година ќе бидат вработени 200 работници.