ПОКАНИ ЗА ОДЕЊЕ НА ЛОВ И СКАПИ ВЕЧЕРИ ВО ЕКСКЛУЗИВНИ РЕСТОРАНИ: Јоханес Хан е обвинет за корупција
Објавено во: Свет 03 Декември, 2021
Францускиот весник „Либерасион“ покренува сериозни
обвинувања против австрискиот
политичар Јоханес Хан и поранешен еврокомесар за проширување, наведувајќи дека тој им дозволил
на лобистите да го канат на лов
и скапи вечери без да го
пријави ова, како што е планирано пренесува Salzburger Nachriten, повикувајќи се на ORF и Der Standard.
Иако Хан ги негира обвинувањата, австриските медеиуми пишуваат дека тој присуствувал на ловечка забава во декември 2015 година, која ја платило белгиското лоби на сопственици на земјиште (ELO). Според „Либерасион“, тој имал обврска да го пријави неговото учество во Комисијата според кодексот на однесување.
Портпаролот на Хан изјавил дека поканата од поранешниот еврокомесар била „чисто од приватна природа“.
-Беше во друштво на негов пријател кој има дозвола за лов. Затоа, не беше потребно ова да се внесе во регистарот за транспарентност, вели портпаролот на Хан.
Според „Der Standard“, a како што наведува Salzburger Nachriten, Хан има уште еден конфликт на интереси. Во јуни оваа година година трипати се сретнал на вечера со австриската претставничка во Комисијата на ревизори, Хелга Бергер, која сметките од вечерата ги проследила за наплата до ревизорската комисија. Од кабинетот на Хан објаснуваат, дека овие средби се „дел од редовната размена што тој ја има со претставници на институции/организации кои се поврзани со активности во контекст на неговиот ресор.
-На тие средби имаше и претставници од други институции. Не беше потребен упис во регистарот за транспарентност, велат од Кабинетот на Хан.