07 Мај, 2024
0.0279

Полицијата го регистрираше првиот инцидент пред референдумот

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

МВР го регистрираше првиот инцидент во врска со престојниот референдум в недела. Претходно проопозициски медиуми објавија дека истиот е предизвикан од Силвио Аврамовски, надворешен советник за економски прашања во кабинетот на премиерот Зоран Заев во врска со земјите од Кавказот и Блискиот исток.

23-годишниот Д.А. и 18-годишниот Х.Ч. од Тетово вчера околу 13:00 и 20 минути во полициската станица во Тетово пријавиле дека на улицата "Маршал Тито", близу до зелениот пазар, околу 11:50, првично биле навредувани, а подоцна Д.А. бил нападнат од С.А. (43) од Тетово, информира полицијата.

"Двајцата активисти додека делеле летоци со содржина за референдумот, им се доближил С.А. и им ги грабнал флаерите за да ги фрли, им упатил навреди и во еден момент се обидел да го удри Д.А. со рака, но откако успеал да го избегне ударот, С.А. со ногаму нанел удар од зад грб, а со него биле две други лица кои избегале од местото на настанот“, се вели во извештајот на полицијата.

Според информациите кои ги добил „Нетпрес“, Силвио Аврамовски, забележал двете момчиња во близина на зелениот пазар во Tетово, по што им се приближил и физички ги нападнал. Инцидентот се случил околу 11.30 часот пред ординацијата „Аполон“ каде што момчињата делеле пропаганден материјал околу референдумот. Советникот на Заев првo им го одзел материјалот, па потоа им се заканил. Во еден момент тргнал и физички, со тупаници да нападне едно од момчињата, по што му задал удар со нога во грбот.

Случајот околу пладне бил и пријавен во тетовската полиција, а момчињата биле упатени да извадат лекарско уверение. Засега нема информации дали Аврамовски бил повикан во полиција.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта