ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГО НАЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА - МВР бара меѓународна потерница за Мијалков
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021
МВР официојално вели дека Сашо Мијалков досега не е пронајден, ќе распишат меѓународна потерница.
„Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница“, соопшти МВР.