Полицијата со пријава до Обвинителството против Нефи Усеини
Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
МВР преку секторот за внатрешни работи Охрид до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Нефи Усени (45) и неговиот 48-годишен брат Ибро Усеини од Охрид, откако вчера охриѓанецот Спире Топалоски рече дека советникот во општината од редовите на ДУИ, инаку познат и по дивоградбите, го удирал со пиштол по главата во охридски хотел.
Полицијата потврдува дека во случајот постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.
МВР по наредба на јавен обвинител синоќа извршиле претрес во домовите на Нефи Усеини и неговиот брат.
„Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот“, соопшти полицијата.