18 Мај, 2024
0.0327

Политичарите ја честитаат Новата година со желби за среќа и успех

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Политичарите ја честитаат Новата година на граѓаните со желби за среќа, добро здравје и успех. 

Општество кое сите ќе бидеме еднакви пред законот и ќе се грижиме за послабите, во кое ќе се вреднуваат и наградуваат доблесните, а во кое младите ќе сакаат да останат, посака претседателот на државата,  Стево Пендаровски. 

Во неа тој прави и осврт на 2021 велејќи дека испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи и година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани – загуби какви што одамна не паметиме.

„Пожртвуваноста, солидарноста и одговорноста на здравствените работници, спасувачките служби, волонтерите и другите луѓе со добра волја кои ги премостуваа етничките, верските, политичките, социјалните разлики за да им помогнат на оние на кои им беше потребно, се нашите херои за оваа година. Дочекувајќи ја новата 2022 година, да се свртиме кон надежта и вербата кои ќе ни помогнат да изградиме просперитетно општество во кое сите ќе бидеме еднакви пред законот. Општество кое ќе се грижи за послабите, ќе ги вреднува и наградува доблесните, во кое младите ќе сакаат да останат и да се остварат во својата држава. Ви посакувам спокојни празнични денови со вашите семејства и пријатели и новата 2022 година да ни донесе многу здравје“, вели Пендаровски. 

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски, во новогодишното обраќање до граѓаните најавува дека во 2022 тој и неговиот тим „мотивирано влегуваат во нов почеток“ и дека ќе работат на подобрување на животниот стандард.

„2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план. Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа. Тоа ќе го постигнеме со одговорна и посветена работа, заедно со мојот тим и заедно со вас граѓаните“, порачува Ковачевски.

Новата 2022 ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности,  им порачува на граѓаните лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање.

„Годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси“, вели Мицкоски. 

Тој посакува да се подобри екологијата, да се развив инфраструктурата, да се унапредат образованието, спортот и културата.

„Да бидеме подобри луѓе, повеќе да се почитуваме и да создадеме поубава иднина за нашите деца. Колку повеќе создаваме, толку повеќе ќе им олесниме на нив. Колку се тие посреќни, толку сме ние помотивирани. Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби“, вели Мицкоски.

За новата 2022 година вели дека ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, им честиташе на граѓаните по повод новогодишните празници, посакувајќи им здравје и благосостојба во наредната година.

„Почитувани граѓани, браќа и сестри, последните денови од оваа година не поттикнуваат да рефлектираме за изминатите 365 дена и да ги предодредиме нашите цели за следните 12 месеци. И оваа година, како и претходната, беше проследена со новите правила на живот кои ни ги наметна пандемијата, но и со загубата на голем број наши граѓани од вирусот и трагедиите предизвикувајќи голема болка кај сите нас.
Оваа година се одбележа и 20 годишнината од Охридскиот договор, правното потврдување на Коридорот 8, прогласувањето на Шар Планина за национален парк, како и следната изборна победа. Ќе работиме за да ја започнеме годината што претстои со отворање на преговорите за членство во Европската Унија, со поставување на камен темелникот на Коридорот 8, енергетската и економската стабилизација, продолжување на гасификацијата и крајот на пандемијата. На сите граѓани каде и да се, во државата, регионот и во дијаспората, им посакувам Среќна Нова Година со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех“, порача Ахмети.

Во својата честитка, вицепремиерот Артан Груби потсети на предизвиците и достигнувањата во 2021 година, наведувајќи ги како извор на инспирација за продолжување на поглавјето на успесите во новата година.

„Поздрав од моето семејство на крајот на оваа година со желба оваа љубезна порака од нас да ве најде во добро расположение и здравје во вашето семејство. Зад себе оставаме една година со потешкотии, но и со многу успеси кои не инспирираат да го запечатиме поглавјето на најголемите национални и државни дострели во трите децении на нашата држава“, вели Груби, во честитката.

Додава дека ја одбележале 20-годишнината од Охридскиот Договор на спектакуларен начин, Коридорот 8 е целосно потврден, Шар Планина ја направиле национален парк...

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување