30 Јуни, 2024
0.0243

ПОМАЛКУ ЈАГЛЕН И ГАС, АМА НУКЛЕАРКИТЕ РАБОТЕЛЕ ПОВЕЌЕ: земјите од ЕУ го зголемија производството на струја од природни извори

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Европската унија се пофали со намалена потрошувачка на јаглен во текот на минатата година. Воедно статистичкиот центар на ЕУ објави дека има пади и кај снабдувањето со природен гас.

- Во 2023 година, снабдувањето со природен гас на ЕУ се намали на 12,8 милиони тераџули (TJ), што е пад од 7,4 отсто во споредба со 2022 година, што претставува најниска вредност од 1995 година.

Уште поостри намалувања се забележани кај јагленот: понудата на кафеав јаглен е намалена за 24,2 отсто на 222.840 милиони тони, а понудата на тврд јаглен е намалена за 20,4 проценти на 130.437 милиони тони. Двете бројки се најниски забележани од почетокот на серијата податоци – наглсуваат од „Евростат“.

Од статистичкиот центар исто така укажуваат дека во однос на нафтата и нафтените деривати, понудата изнесуваше 526.862 илјади тони, што укажува на пад од 1,5 отсто во однос на 2022 година.

-  Понудата на обновливи извори на енергија се зголеми за 4,4 проценти во споредба со 2022 година, што изнесува околу 10,9 милиони тераџули во 2023 година – се наведува во нивната анализа.

Обновливите извори сочинуваат 44,7 отсто од производството на електрична енергија во ЕУ

Евростат исто така укажува дека во 2023 година, обновливите извори на енергија беа водечки извор на електрична енергија во ЕУ, со 44,7 отсто од целокупното производство на електрична енергија.

-  Обновливите извори на енергија генерираа 1,21 милиони гигават-часови (GWh), што бележи зголемување од 12,4 отсто во споредба со 2022 година. Спротивно на тоа, електричната енергија произведена од фосилни горива е намалена за 19,7 проценти во однос на претходната година, што придонесува за 0,88 милиони GWh или 32,5 отсто од вкупното производство на електрична енергија – се нагласува во нивната анализа.

Од друга страна земјите во Европската унија го зголемиле произвоствоот на електрична енергија од нуклеарни централи. И покрај апелите и мерките за исклучување на нуклеарите, кои се преземаат во ЕУ, минатата година имало раст на нивното користење, што најверојатно се должи на енергетската криза која настана по инвазијата на Украина и мерките кои беа преземени против Русија.

-  Нуклеарните централи произвеле 0,62 милиони гигаватчаса - GWh или 22,8 отсто од производството на енергија во ЕУ, што одразува зголемување на производството од 1,2 процнети во 2023 година – заклучуваат од Евростат.

Анализа изработена од Европскиот суд на ревизори (ЕЦА) утврди дека унијата не е подготвена да се соочи со претстојната гасна криза и покрај мерки за крај на зависноста од руските енергетски извори.

Во извештајот се наведува дека Европа успеала да избегне голем недостиг на гас за време на кризата, но не е јасно колку од тоа може да се припише на одлуките на Европската унија во споредба со други фактори, како што се благата зима и високите цени што ја предизвикаа индустријата да троши помалку гас.

- Снабдувањето со енергија на Европа стана проблематично во 2022 година кога Русија, најголемиот снабдувач на гас дотогаш, започна војна во Украина и го намали снабдувањето со гориво, што доведе до тоа Европската унија итно да воведе заедничка политика кога станува збор за полнење на складиштата за гас како и намалување на искористеноста и заедничкото купување на тој извор на енергија – наведуваат од ЕЦА.

„Комисијата уште во 2014 година знаеше дека прекинот на испораките на руски гас ќе има огромно влијание врз цените, но никогаш не се осврна на влијанието на неговите ефекти врз потрошувачите или индустријата“, рече еден од ревизорите.

Ревизорите истакнаа дека целокупната зависност на ЕУ од Русија е намалена од 45 отсто од вкупните испораки на гас во 2021 година на околу 15 проценти минатата година.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?