ПОМИРУВАЊЕТО ЗАДОЦНИ: Турција ја плаќа високата цена!
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2016
Бројот на странски туристи во Турција во август паднал за речиси 38 отсто, бидејќи туристичкиот сектор е потресен од неуспешниот воен пуч и терористички напади.
Околу 3,18 милиони туристи во август ја посетиле Турција, што е за 37,96 осто помалку во однос на август лани, покажуваат официјалните податоци на турското министерство за туризам.
Во јуни пак е регистриран најголем пад во доаѓањата на туристите од 40,86 отсто во однос на истиот период лани, додека во јули нивниот број е намален за 36,72 отсто.
Туристичкиот сектор во Турција и пред обидот за воен удар беше во проблеми поради низа терористички напади во привот квартал и самоубиствените напади на аеродромот во јуни во Истанбул кога загинаа 47 луѓе и за кои одговорноста ја презеде Исламска држава.
Турскиот сектор во туризмот лани приходувал 35,1 милијарда долари и имал дел во БДП на Турција од 4,4 отсто.
И покрај нормализацијата на односите со Москва во јуни и укинувањето на ембаргото на патувања, бројот на руски туристи минатиот месец е намален за 83,63 отсто во однос на лани.
Во август минатата година, во Турицја престојувале речиси 640 000 руски туристи, а оваа година само 105 000.
Бројот на германси туристи во Турција во агвуст паднал за 34,5 отсто, додека бројот на ирански туристи паднал за речиси 32 отсто.