29 Април, 2024
0.0267

ПОПИС: Остануваат различните ставови на партиите за дијаспората

Објавено во: Македонија 03 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Пописот  вчера и официјално е одложен, но разликите за дијаспората остануваат. 

Законските измени за одложување на пописот се удвоени на пленарна седница во Собранието.  Со 95 гласови „за“ и 12 гласови „против“ без „воздржани “ пратениците исполнувајќи го Бадентеровиот принцип се согласија да се одржи пописот од 5 до 30 септември. Но, има несогласувања за попишувањето на дијаспората. 

„Ние остануваме на ставот дека резидентното население и дијаспора се различни поими. Остануваме на ставот дека резидентното население треба да се попише, и дека дијаспората може да се евидентира. Се знае точно што значи привремен претстој во странство, што значи граѓанин иселен надвор повеќе од 12 месеци, што значи одјавена адреса на живеење во Република Македонија. И дајте сите заедно ова да го направиме“, изјави Никола Мицевскиод ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов изјави пописот на дијаспората ќе влијае врз економските параметри во земјата. Вели дека политичарите го уништија кредибилитетот на процесот. 

„Ние го гледавме вицепремиерот Артан Груби на државна сметка селективно оди во одредени држави па како лобира тамошната дијаспора да се попише, па политичари од тие државии повикуваа да се попишат како тоа да е нивна работа. Потоа министерот за правда Бојан Маричиќ кој баш ми е жал што не е присутен денеска, изјави дека правичната застапеност ќе се раководи според севкупното попишано население односно по дијаспората. На пример во едно село со 10 илјади жители од кои 5 илјади иселени, правичната застапеност ќе се раководи според бројот од 10 илјади жители“, вели Крмов.

Додаде дека договорот кој го постигнаа претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со кој, како што вели, наводно се отстранува опасноста од ковид за попишувачите, е неточен затоа што, со вакцинирањето на попишувачите се штитат само тие, но не и населението кое треба да се попише. Дијспората може да се самопопишува до 30 септември. Пописот првично требаше да трае од 1 до 21 април. Во дијаспората најголем интерес за самопопишување имаше во Швајцарија. Многу земји поради ковид кризата го одложија пописот. Такви примери има во Србија и Хрватска. 

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски