Добивај вести на Viber
Реката Дрина се изли во босанскиот град Бјелина, но засега не се загрозени граѓаните.
Водостојот на Дрина во 7 часот утрово бил 530 сантиметри. Цивилната заштита на српскиот ентитет соопштува дека водостојот на реката Сава кај Градишка, утрово во 7 часот изнесувал 770 сантиметри, што е за три сантиметри повеќе во однос на мерењето синоќа во 21 часот (767см).
Сава на ова подрачје се излила кај место Орубица каде се поплавени 12 објекти, меѓу кои нема куќи.
Нивото на Сава во Србац пак утрово во 7 часот било 891 сантиметри, што е за шест сантиметри повеќе во однос на синоќа во 21 часот (885 см).
Во селото Бајинац поплавени се четири куќи, а регистрирана е и појава на подземни води.
Водостојот на другите реки кои ги следат хидролошките служби во БиХ се во границите на нормалата.