Добивај вести на Viber
Во централна Албанија се поплавени стотици хектари обработливо земјиште.
Три реки се излејале од своите корита во регионот Круја и ги поплавиле селата Мургина, Малкуч и Махал, каде училиштата не работат заради новонастанатата состојба.
Поплави има во регионот на Драч, каде под вода се стотици домови и јавни згради.
Поплавени се и плажите во Спиталија и Ништулија. Под вода се наоѓаат патишта и обработливо земјиште, а се смета дека причина за поплавите се нечистите земјоделски канали.
На Балканот поплави има во Србија, БИХ, а еден старец во Косово се удави во надојдените води.