Поради Гибралтар се засилија тензиите меѓу две земји
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2019
Воен брод од Шпанија создаде тензии помеѓу британската и шпанската морнарица кога им дал наредба на бродовите што се наоѓаат во водите на Гибралтар да се тргнат од територијалните води на Шпанија.
Службите на пристаништето во Гибралтар наредиле бродовите да останат на позициите додека британската кралска морнарица биде распоредена.
„Се чини дека сè уште постојат луѓе во шпанската морнарица што мислат дека може да си играат со меѓународното право“, рече портпаролот на владата на Гибралтар.
По инцидентот, почната е истрага за да се утврди дали се преземени вистинските мерки.