Поради технички проблем услугите на Комерцијална банка се недостапни
Објавено во: Економија 25 Јули, 2019
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека поради технички проблем, не се достапни сервисите на Банката.
Од Банката велат дека се работи за побрзо отстранување на проблемот.
– Сите податоци и сите сметки на клиентите се безбедни. Се извинуваме за настанатата ситуација – велат од Банката.